Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го дели само една победа до титула по денешната победа над Струга

Струга – Еурофарм Пелистер 24:35 (12:16)

Спортска сала „Тими“ – Струга, гледачи: 200
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски

Струга: Рикановиќ, Тутенкоски, Тренчевски 5, М. Костоски, Младеновски 4, Кленковски 2, Јанкуловски 1, Пејчиноски, Велјаноски 1, Ф. Мечкароски 2, Н. Костоски 1, Бошњак 7, Маркоски 1, С. Мечкароски, Ѓонески

Еурофарм Пелистер:  Лесјак, Гедбан, Манасков, Цехте 4, Кузманоски 8, Тајник, Борзаш 1, Танкоски 1, Радивојевиќ 4, Кузмановски 3, Петровиќ 3, Пет. Атанасијевиќ 4, Ѓорговски 2, Васиљев 1, Пешевски, Пав. Атанасијевиќ 4.

Во невообичаен термин за одигрување ракометен натпревар, денес, во 13 часот, во Струга, екипата на Еурофарм Пелистер, како фаворит убедливо ја победи екипата на Струга со резултат 24:35, полувреме 12:16. Со оваа победа екипата од Битола остана на врвот во плеј-офот.

Еурофарм Пелистер во текот на целиот натпревар имаше водство, кое во првиот и вториот дел, константно растеше.

Најефикасен на Пелистер беше Цветан Кузманоски со 8 постигнати гола, следуваат Цехте, Радивојевиќ и близнаците Атанасиејвиќ со по 4 гола. 

More from ВестиMore posts in Вести »