Press "Enter" to skip to content

Работилници за справување со влијанијата од климатеските промени наменети за агро секторот и производителите на храна (фото)

Еколошкото друштво БИГЛА Демир Хисар, започна со реализација на проектот: „Подобрување на квалитетот на живеење во подрачјата со специјални развојни потреби во Пелагонискиот плански регион преку јакнење на свеста кај населението за заштита на животната средина и отпорноста кон климатските промени“, поддржан од Министерството за локална економија- Биро за регионален развој.Започнувајќи од 21.05. ќе се одржат шест работилници за производителите на храна од руралните подрачја на Општина Демир Хисар, а добредојдени се и сите останати од Пелагонискиот плански Регион.Работилниците опфаќаат голем број на теми кои ги засегаат земјоделците и компаниите кои произведуваат разни типови на прехрамбени производи. Климатските промени, мерки за справување, одржливо земјоделство, енергетска ефикасност, зелени бизниси, циркуларна економија, разработка на бизнис модели, инвестиции, грантови шеми, кредитирања.Комплексноста на обуките ги дава сите одговори на сите прашања на производителите и ќе помогне во подигање на квалитетот, технолошкиот развој и препознавање на иновации во секторот, со комплетно разработување и елаборирање како да се реализраат потребите и визијата кон највисоките стандарди и минимизирање на загубите и штетите, менаџирањето со ризиците и креирање на капацитет за искористување на програмите и моќностите кои се на располагање за овие производители.