Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) ја додели годишната награда „18 Мај – Меѓународен ден на музеите за 2023 година“.
За музеј на годината е прогласена националната установа Завод и музеј Битола.За Музејски проект на годината (Меѓународен проект) награда доби проектот ЕДУКОН (Educon) чии автор е Д-р Ирена Ружин, координатор м-р Жаклина Мучева. Проектот е поддржан од Хедли Траст (Headley Trust) од Кралството на Велика Британија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, а се реализираше во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
Останати ангради кои се доделени се за:
Музејски проект на годината (Изложби со нов пристап во презентирањето) награда доби проектот: „Мазал Тов“ – Еврејските свадби во Македонија меѓу двете светски војни низ стари фотографии документи и предмети чии автор е м-р Жаклина Мучева, раководител на едукативниот сектор во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија
Музејски проект на годината (Отпечатен стручен труд), за проектот: ПАТЕМByTheWay…Времепис (компендиум или префигурирање на стварноста), Д-р Натали Рајчиновска-Павлеска.
Музејски работник на годината, М-р Наде Костадиновска Спасеновска, кустос етнолог од НУ Музеј на Република Северна Македонија.
Музејски работник на годината, М-р Марија Димишковска, водич едукатор од НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија.