Секторот за внатрешни работи Битола во текот на денешниот ден (24.05.2024) во времето од 08.00-14.00 часот продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на СВР Битола изречени се вкупно 30 мерки, за возење повеќе од дозволената брзина и тоа 15 мерки надвор од населено место и 15 мерки во населено место.
Исто така, денеска во времето од 14.00-20.00 часот, на подрачјето на СВР Битола беше спроведена акциска контрола за санкционирање возачи кои вршат непрописно престигнување при што изречени биле 23 мерки.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.