Press "Enter" to skip to content

МЗТ Скопје подобар од Пелистер и во првенството, во Битола ја одбрани титулата (фотогалерија)

Пелистер – МЗТ Скопје 67:78 (0:3)

Вечерва во Битола со победата на МЗТ Скопје Аеродром над Пелистер е нов-стар шампион на Македонија, откако и во третиот натпревар од финалната серија на плеј-офот беше подобар од стариот и добро познат “предизвикувач“ – Пелистер, кој мора да се задоволи со називот вицешампион.Третиот финален натпревар битолчани одлично го отворија имаа солидна преднст но до крајот на првото полувреме, МЗТ направи пресврт. Гостите од Скопје првата четвртина ја добија 19:20.В втората четвртина резултатот Пелистер поведе со 25:22, потоа до 29:25, но МЗТ се врати во игра и поведе до 30:31, односно минимална предност. Пелистер поведе и со 35:33 во 17.минута од натпреварот. Крајот на полувремето донесе предност за Пелистер 43:39.Домаќините имаа и подобар старт на второто полувреме, во кој во два наврати се стекнаа со плус од седум поени 50:43, во 23.минута, а потоа имаа и 54:47.  МЗТ направи серија од 11 поени, за позитива од пет поени 56:61. По три одиграни четвртини, МЗТ Скопје водеше со 57:61. Гостите од Скопје имаа уште повиска предност, на почетокот на последниот дел 57:66. Од друга страна Пелистер погоди само за два поени со многу технички грешки. Домаќинот не се снајде и во финишот на натпреварот и поразот беше неизбежен, а пропаднаа плановите за четврт натпревар.Кај Пелистер најефикасен Мијовиќ и Костовски кои дадоа по 19 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »