Press "Enter" to skip to content

Ординација “Д-р Чипуровски“: примена на ултрасонографија (ехо) во дијагноза на болестите на панкреас

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за примена на ултрасонографија (ехо) во дијагноза на болестите на панкреас, за што вели:

-Панкреасот е орган сложена жлезда со егзокрина и ендокринa секреција со изглед на буквата Ј се состои од глава тело и опашка. Егзокрината функција се карактеризира со панкреатичните ензими во панкреатичниот сок кои се излачуваат од панкреатичните ацинуси и има улога во варење на масти како панкреатичната липаза, фосфолипаза и холестерол естераза, дигестија на јагленохидрати во кои учествува панкреасната амилаза и дигестија на протеини со најголемо значење на панкреасниот трипсин,присуството на бикарбонати во панкреатичниот сок е значајно за неутрализација на киселоста на химусот при премин од желудникот во дуоденумот.

Ендокрината секреција на панкреасот се карактеризира со секреција на хормонот глукагон од алфа клетките на Лангерхансовите островца кога концентрацијата на гликоза во крвта е под нормала и делува спротивно на инсулинот кој е најзначајниот хормон на панкреасот кој се лачи од бета клетки на Лангерхансовите островца во крвта најчесто после оброци и при вишокот на гликоза во крвта има цел да ја транспортира гликозата од крвта во клетките каде се користи за енергетски потреби во спротивно при недостаток на секреција на инсулин се развива Дијабетес најчесто тип 1покрај улогата на инсулинската резистенција во развој на Дијабетес тип 2.

Делта клетките на Лангерхансовите островца имаат улога во секреција на соматостатин полипетид кој има инхибиторна улога врз секрецијата на глукагон и инсулин го намалува мотолитетот на желудник,дуоденум ж ќесе,ја намалува секрецијата и апсорпцијата во ГИТ и го продолжува времето за кое хранливите продукти се разложуваат во крвта

Ултрасонографски (ехографски)панкреасот се визуелизира над v.lienalis во трансверзален епигастричен приказ со глава со дијаметар до 3 мм тело до 2 мм и опашка до 2.5 мм централно е расположен вирсунговиот канал од 2 до 5 мм кај возрасни. Кај акутен панкреатит со ехо се гледа зголемени едематозни димензии на панкреасот реони на хипоехогеност и придружни компликации како асцит, псеудоцисти итн.

Хроничниот панкреатит е со хиперехогена ехотекстура на паренхим внатрешни калцификати и дилатација на Вирсунгови канал над 5 мм дијаметар,туморите на панкреасот се карактеризираат ехографски со цистична хипоехогени зони со неправилна форма и нејасни граници кога има потреба и од контрасни КТ или МРИ. При поставување на дијагноза имаат улога и клиничките симптоми гадење, повраќање локализација интензитет ирадијација на болка колорираност на кожа, лабораториски параметри седиментација ,ЦРП липаза амилаза.

Лекувањето е најчесто медикаментозно конзервативно (АБ, PPI, липаза амилаза) освен во случаи на тумори кога е хируршко.