Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Божо “снимаше“ во “Боро Чурлевски“ за одлучувачкиот натпревар во плеј-аутот

Вечерва во Битола се одигра претпоследниот натпревар на екипата на Еурофарм Пелистер 2 пред својата публика, а младите ракометари в сабота ќе го играат одлучувачкиот натпревар во оваа сезона на гостувањето во Прилеп.

На тој натпревар победникот ќе биде првак во плеј-аутот, а поразениот, најверојатно ќе игра бараж за опстанок во Супер лигата, со оглед на тоа што оваа сезона испаѓаат пет екипи.

Поради важноста на претстојниот натпревар тренерот на екипата на Прилеп, битолчанецот Божидар Мојсов, беше на трибините во салата “Боро Чурлевски“ заедно со директорот Горан Петровски, да го “сними“ противникот и да ја подготви играта на својот тим против битолскио тим.

Дали Божо го “сними“ Еурофарм Пелистер 2 или тренерот на “двојката“ Михајло Петровски, “остави нешто“ и за последниот натпревар останува да видиме во сабота во Прилеп, во пелагониското дерби.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »