Press "Enter" to skip to content

Продолжи реализацијата на DIRA /Дигитална инклузија на возрасни Роми, овој пат обука за е-учење

Во рамките на проектот „Digital Inclusion for Roma Adults: Gaining Knowledge and Skills in eServices – DIRA /Дигитална инклузија на возрасни Роми: Стекнување на знаења и вештини за користење на еУслуги“ на 17.5.2024 година се одржа настан за дисеминација на создадената платформа за е-учење со цел стекнување на знаења и вештини за користење на достапните е-услуги во нашата држава.

На настанот присуствуваа претставници од Општина Битола, Центарот за вработување – Битола, локални претпријатија и наставници, професори и претставници од ромската заедница. Платформата за “он-лајн“ учење содржи 6 курсеви поврзани со изучувањето на компјутери. Платформата е достапна преку линкот https://learning.diraproject.org/home

Главна цел на проектот е да се оспособат возрасните Роми и социјално исклучените лица да го користат потенцијалот на електронските услуги и да се вклучат во дигиталното општество. Ова им дава можност да бидат активни учесници во социјалниот, економскиот и културниот живот во нивните заедници. Преку платформата за е-учење, учесниците стекнуваат не само технички вештини, туку и знаења за користење на различни е-услуги кои им се достапни во нашата држава. Овие вештини не само што ги олеснуваат нивните секојдневни активности, туку и ги воведуваат во светот на дигиталната комуникација и информатика, што може значително да го зголеми нивниот пристап до образование, работа и други важни ресурси.

Важно е исто така да се истакне дека овој проект не само што ги подобрува животните услови на учесниците, туку и креира можност за подобрување на инклузивноста и диверзитетот во општеството. Секој човек, независно од неговата етничка или социо-економска припадност, има право на пристап до образование и можност за развој на своите потенцијали.

Проектот е финансиран од страна на Националната агенција на Финска преку Еразмус + прогрматата на Европската Унија. Координатор на проектот е фондацијата „Деаконес“, партнери се организации од Италија, Србија, а од Северна Македонија „Сумнал“ заедно со Факултетот за информациски и комуникациски технологии – Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »