Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: викендов 197 санкционирани возачи, 73 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (24/25/26.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 29 мерки за возење без возачка дозвола, изречени 15 мерки за непрописно паркирани возила, 27 мерки за непрописно престигнување…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »