Press "Enter" to skip to content

Четворица битолчани добитници на наградите за роднокрајните автори на Библиотеката

НУУБ„Св. Климент Охридски“ Битола по повод претстојниот празник на Сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, ги соопштува добитниците на наградата „Роднокраен автор за 2023 година“.

Наградите ги додели тричлената комисија составена од: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски – претседател, координатор на проектот „Роднокрајни средби на битолските писатели од Македонија“, Илче Стојановски – член и Светлана Папачек- член.

Комисијата по разгледаните кандидатури, едногласно одлучи оваа година да додели награди во четири категории и тоа:

– „Награда за животно дело на Роднокраен автор од Битола“ ја добива авторот Добре Тодоровски

– „Роднокраен автор за 2023 година “во категорија поезија ја добива поетесата Весна Мундишевска- Велјановска

– „Роднокраен автор за 2023 година “ во категорија проза ја добива Петре Димовски

– „Роднокраен автор за 2023 година “ во категоријата драма ја добива Зоран Пејковски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »