Press "Enter" to skip to content

На Пелистер одржана Конференција за развивање на концептот за паметни села

Вчера, во организација на ПРЕДА Плус Фондација, во дворот на Информативниот центар на Националниот парк Пелистер, познат за јавноста како “Вилата на Лазо”, се одржа Конференција со фокус на концептот за паметни села.Концептот на „паметно село“е модерен пристап кон руралниот развој кој ја користи технологијата и иновациите за да го подобри квалитетот на животот и да промовира одржлив развој во руралните области ПРЕДА Плус, преку својот иновативен пристап за промоција на концептот на „паметно село“, е пионер во адресирањето на потребата од примена на нови технологии и промоција на одржлив развој во руралните област.Преку организирање на ваков тип на конференција, за прв пат се прават обиди да се подигне свеста и да се споделат релевантни домашни и меѓунарони знаења поврзани со паметните села. Ваквиот пристап директно ќе влијае на локалната заедница, како и на локалните и националните власти во запознавањето со принципите на паметно село. Принципот на воспоставување на парнерство со Општина Битола, Универзитетот “Свети Климент Охридски”, локалната заедница и сите заитересирани страни, што го применува Преда плус е клучен за воспоставување на платформа која дава можност за креирање на стратегија која преку иновации и нови технологии ќе го подобри квалитетот на животот, ќе ја збогати туристичката понуда и ќе промовира одржлив развој.Овој настан ја обедини стручната научна мисла и експертиза во обидите да ја обликуваат иднината на технологиите за паметни села и одржливиот развој.На конференцијата свои обрќања имаа Тони Коњановски-Градоначалник на општина Битола и Билјана Георгиевска – Проектна менаџерка на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2), Програма за развој на Обединетите нации (УНДП) Елена Бошков-Ковач, ко-основачка и директорка на Blueprint Energy Solutions GmbH од Виена, Австрија, и моментална Претседавачка на работната група на Евроската Унија за дигитализиција на Енергија зборуваше за европските регулативи во планирањето на трансформацијата на енергетскиот систем и декарбонизацијта, осврнувајќи се особено на пристапот од долу нагоре (bottom up approach), односно вклучувањето на граѓаните во планирањето на енергетската трансфрмација (партиципативна енергетска трансформација). Ковач, особено ги истакнаа специфичностите и на земјите од ЈИ Европа како и предизвиците со кои овие земји се соочуваат при процесот на трансформација.Проф. д-р. Илија Јолевски од Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола се осврна на паметната мобилност. Тој презентираше реален проект за паметна мобилност кој ќе се реализира во општина Битола, а ќе влијае на подобрувањето на квалитетот на живот преку имплементација на паметни решенија во јавниот транспорт. Преку систем на GPS уреди (Real time data collection) и мобилна апликација (Smart tracking system) граѓаните ќе имаат можност да добијат информации во реално време за возниот ред на автобусите во јавниот транспорт во Општина Битола.  На ваков начин се влијае на подобрување на јавните транспортни услуги, поврзување на руралните места со градоти намалување на користењето приватен автомобили, што доведува до помал сообраќај и помали емисии на јаглерод.Благојче Количоски, софтверски инженер, основач и координатор на неформата битолска ИТ заедница Pelister Tech, презентираше за влијанието на иновативните технолошки решенија во трансформативни цели. Количоски презентираше реални технолошки решенија кои можат да имаат дирекно позитивно влијание во четири области: 1. Квалитет на живот 2. Земјоделие 3. Економски можности и 4. Туризам. За креирање на паметни села и одржлив рурален развој, Количоски ја истакна важноста од соработката на локалната самоуправа, бизнис секторот и невладиниот сектор.Симона Мирчевска, архитектка, го претстави својот оригинален концепт „Пелистер  дисперзиран музеј на природата“, придружен со изложба на мапи на самиот настан. Таа  зборуваше за потенцијалот на Пелистер како природен еко-музеј и ги презентираше мапите врз кои во иднина ќе можат да се градат паметни решенија во насока на подобрување на туристичката понуда, а во исто време и за зачувување на биодивирзитетот.На конференцијата се истакна дека одржливиот развој е неразделен дел од современите стратегии за рурален развој, поттикнати од новите технологии. Проектот Are You Ready for Pelister? на ПРЕДА Плус Фондација и се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и е кофинансиран од Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »