Press "Enter" to skip to content

Реновиран акушерскиот оддел на Гинекологија по иницијатива на “Mint Fintech Group“

Во новиот реновиран акушерски оддел на Гинекологија при Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ во Битола, значителен допринос има и Минт Финтек групација, а нивните претставници рекоа:-Овој проект е иницијатива на Минт Финтек групација и доказ за нивната посветеност за здравјето на заедницата. Реновирањето го трансформира гинеколошкиот оддел во современ простор обезбедувајќи им на жените да добијат највисок стандард на нега во удобно и модерно опкружување. Самиот придонес во овој проект ја одразува посветеноста за поддршка на виталните здравствени услуги и подобрување на животот на жителите нашата заедница.