Денес беше претставен реконтруираниот оддел за Гинекологија и акушерството во Битолската клиничка болница, што е направени со последната донација на најсовремени апарати и медицинска опрема, од повеќе донатори, како што се три невладини организации од Шведска, Минт кредити, БВ инженеринг, Боби Инженеринг, Синпекс и други кои несебично го помогнаа реноворањето.Со оваа донација обновени се болнички соби, работна соба на медицинските сестри, нов инвентар, за што директорката на Клиничката болница Битола д-р Елизабета Ивановска рече:-Целиот оддел за гинекологија и акушерство е комплетно реконструиран и ревитализиран. Се потрудивме да создадеме подобри услови за родилките и нивните бебиња. При реконструкцијата на одделот беше извршена комплетна инфраструктурна реконструкција на водоводната мрежа и електричната инсталација, замена на поголемиот дел од опрема што се користеше со апарати кои го олеснуваат секојдневното функционирање на одделот, вработените и пациентите.-При реконструкцијата се направи еден холистички пристап и комплетно реновирање кое вклучува: родилни столови, гинеколошки столови, светла за преглед, повеќе нови инкубатори ЦТГ апарати, монитори, 2 вакуум аспиратори итн. Инсталирана е топлотна пумпа од марка ЛГ, а комплетно се реновирани две купатила со три санитарни јазли, и тоа преку донатори од Шведска кои во повеќе наврати донирале во Битолската болница додаде: директорката Ивановска.Во име на донаторите од Шведска зборуваа Марија Росенгрен која рече:-Сакам да им се заблагодарам на директорката на болницата и целиот менаџерски тим, како и на сите кои сакаа и помогнаа да можеме да го реализираме овој проект кој се надебам дека ќе ги подобри условите во ова одделение и ќе даде понатамошен пострек и на други донатори кои ќе помагаат родилките и нивните бебиња да се чуствуваат посигурно и поубаво. На сите донатори и беа доделени благодарници
Свечено отворен реконструираниот оддел на Гинекологија (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)