Денес, вторник, 28 мај, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, можност за нестабилност со пороен дожд. Температурата во Битола до 24 степени.
Утре, среда, 29 мај, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне можност за нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Температурата во Битола до 24 степени.