Press "Enter" to skip to content

Гастро перформанс “Готвиме со младите“, креативен ден на 1 јуни, во “POP FOOD DeNiro“

Креативен ден  е линк помеѓу образованието и бизнис секторот, промотивна алатка на стручните училишта, занаети, поттикнуваме претприемништво, валоризираме домашни брендови. 

Се одржува трета година по ред, а оваа година, покрај модниот перформанс, додаваме уште една содржина и тоа гастро перформанс „Готвиме со Младите“, целта е промоција на угостителската струка.  Интересен податок за оваа струка е дека веднаш сите средношколци, без разлика дали нивната одлука ќе биде понатамошен личен развој, тие веднаш имаат можност да се вработат. Преку овој перформанс, на пошироката млада популација, потенцијални средношколци на оваа струка, како и учениците кои веќе се определиле за истата, целта е да им ја доближеме гастономијата, да ги внесеме во светот на вкусовите, со сите  убавини, креативност, вештини, тимска работа и можности кои ги нуди самата струка, бидејќи гастрономијата е  комплексна, континуирано во развој и секако, претставува еден од столбовите на културата, како концепт на живеење. 

Гастро перфoрмансот ќе се одржи во новата кујна на “POP FOOD DeNiro“,  на 1 јуни, од 10 до 13 часот. 

Според концептот, двајца мајстори  на својот занает, шеф Марјан Милош од домаќинската кујна и шеф Дејан Христовски, професор на угостителско средно училиште од Скопје, двата професионални готвачи, ќе готват секој со своја тричлена екипа составена од млади вљубеници на кулинарството, ќе ги воведат во светот на гастрономијата. Целта е на забавен начин, на младите да им се доближе самата проблематика, да се запознаат со основни вештини, а при тоа да се уверат  во креативноста на занаетот и слободата која ја овозможува истата.  

Предвидени содржини се: правилно складирање на храната; подготвување на главно јадење; десерт;  сервирање, декорација, овозможени од битолските локални компании, од прехранмениот сектор. Публиката ќе може да го следи гастро перформансот, а потоа и да ги дегустираат подготвените делиции.  

Оваа година КРEАТИВЕН ДЕН  го добива ликот на ДЕН исполнет со креативни перформанси во кои главниот збор го имаат младите, иднината на оваа заедница, како што велат од Продукција Божиловиќ – иницијатор на овој настан. 

Струките, занаетите, ги ставаме во фокус на младите, затоа што иднината на поединецот е во личниот развој, потрага по нови хоризонти во чекор со глобалните движења и тренд, а тоа е возможно само со себепрепознавање во одредена струка, стекнување вештини и перманентно надградување.“