Press "Enter" to skip to content

Дефект на водоводната мрежа на “Булеварот“ над Црн Мост во Битола, екипите се на терен, сообраќајот се пренасочува (фото)

ЈКП “Водовод“ од Битола ги извести граѓаните за голем дефект на водоводната мрежа на Булеварот “1-Мај“, над Црн Мост, а во соопштението се вели:-Ве информираме дека во текот на денешниот ден (среда 29 мај 2024), поради дефект на водоводната мрежа (ПВЦ Ф -315) на ул. Булевар 1 Мај, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од потегот на ул. “Васко Каранѓелевски“ до ул. “Стив Наумов“. Прекинот ќе трае до завршување со активностите околу санацијата.На терен се екипите на ЈКП “Водовод“ кои започнаа со санирање на дефектот.Во прекин е сообраќајот на потегот од кружниот тек кај “Црн Мост“ до кружниот тек кај “Педагошка“. Полицијата го регулира сообраќајот и го пренасочува по околните улици.

More from ВестиMore posts in Вести »