Топ Гол – Вардар 6:0 (2:0)
Во последниот и најважен натпревар на сениорките на Топ гол од Битола во бараж натпреварот за Прва лига, битолчанки ја совлада екипата на Вардар 2023 со висок и убедлив резултат од 6:0, на полувреме 2:0.
Во Бараж натпреварот кој се одигра на градскиот стадион “Зоран Паунов” во Велес, а организиран од страна на ФФМ, битолчанки докажаа дека пропаѓаат во најелитното друштво за женски фудбал.
Високата реализира за Топ гол ја започна Димитровска уште во 7 минута, стрелаше и по втор пат во 56 минута. Втор двоен стрелец за Топ гол беше Илиевска во 61 и 89 минута, додека по еднаш мрежата ја затресоа Милевска во 28 и Стојчевска во 87 минута.
-Огромно браво за девојките, најважниот натпревар го одигравме онака како што се подготвувавме, пред се на психички и тактички план. Одигравме супер 1/2 сезона, наша цел беше да опстанеме во Прва лига и во тоа успеавме. Упатувам благодарност со ФФМ за организацијата на овој натпревар и браво за двете екипи за фер-плеј односот за време на целиот натпревар. Останува добро да се одмориме и да уживаме во овој момент, изјави Кире Грбевски, шефот на стручниот штаб на Топ гол.