Press "Enter" to skip to content

25 мај, патрониот празник на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ Битола свечено одбележан (мега фотогалерија)

-Ден на младоста 25 мај – патрониот праник на Горната гимназија од Битола прославен во духот на младоста на платото пред кај Офицерски дом во Битола.  Ученичките бендови и млади солисти исполнија дваесетина македонски незаборавни рок песни, а беа рецитирани песни напишани од гимназијалците.Со свечената приредба која се одржа на платото пред Офицерски дом во Битола заврши празнувањето на патрониот празник на Горната Гимназија од Битола, на која се појавија повеќе од педесетина гимназијалци.На почетокот на свечената приредба на која присусстуваа градоначалниците на Битола и Новаци, Тони Коњановски и Стевче Стевановски, проректорите на УКЛО, професори, ученици, пензионирани вработени од Гимназијата, родители, гости, и други битолчани, директорката Лидија Споа  ги поздрави присутните  со зборовите:-Секоја пролет има свои бои, а секоја младост свои предизвици. Гимназијата е наша татковина, во која денес го чуваме нашето име и нашата историја, а ја славиме симболиката на младоста како поим што значи полет, идеали, љубов, мир и што значи благосостојба. За нас Македонија не може да биде само обична држава, таа не може да биде само обичен историски епски наратив, таа е татковина, таа е идеја и длабоко чувство, Македонија е љубов. А јазикот, Македонскиот е функцијата на генот и народот, место и значење на духот и иднината. Оваа година патрониот празник на Гимназијата е под мотото “Сите бои на младоста“.-Голема е возбудата и на професорите и на учениците во последниот период, но привилегијата да се работи со учениците кои се одлучни секогаш да бидат во се први и го имаат во себе жарот на препознатливата бунтовност, е моја и на целиот колектив на Гимназијата која е сериозна образовна институција. Покрај предвидените цели во наставати сите сме актовни и во вон наставните актовности. Овие млади луѓе се посебни секој на свој начин, а нивната автентичност и оригинална мисла секојдневно ни е испирација и нам професорите, додаде дитректорката Споа, а  нејзината возбуда не можеше да се скрие пред големиот прој просутни кои беа на свечената приредба.Градоначалник д-р Тони Коњановски, поранешен ученик во Горната Гимназија, се обрати на присутните со зборовите:-На некој начин вечерва се вратив во времето кога бев ученик на оваа Гимназија. Низ клупите на истата поминале голем број ученици кои потоа го продолжиле својот од во разни насоки на иднината. Ме радува што вечерва гледам професори кои мене ми предавалае, но и се присетувам на оние кои веќе се со нас. Гимназијата е расадник на млади креативни уленици. Мнозина од нив станале познати граѓани кои со својата интелектуална, стопанска и општествена деjност ја задолжиле Битола и пошироко.  Меѓу нив и академици во МАНУ. Многу ми е мило што денес гледам ученици мотивирани од своите професори кои ги инспираат и водат за големи дела.Потоа започна музичката програма насловена “Сите бои на младоста“ на талентираните музичари од бендовите на гимназијата. На крај беа доделени пофалници на учениците и менторите професори кои во текот на учебната година постигнаа значајни резултати на натпревари, конкурси, проекти. На некој начин заслужни за промоција на гимназијата.Благодарници за соработка им беа доделени на  институции со кои гимназијата “Јосип Броз Тито“ има успешна соработка.

Ж. Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »