Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер ќе игра за титула во Битола пред полни трибини, влезниците продадени

По два дена во Битола екипата на Еурофарм Пелистер ќе игра за титулата во домашното првенство во последното коло, против екипата на Алкалоид, а само по победа ќе ја “завери“ титулата откако во пролетниот дел нема ниту еден пораз и има бодовна предност пред екипата на Вардар. 

Против младата екипа на Кирил Лазаров, “пелистерци“  ќе имаат целосна поддршка од публиката, а од Еурофарм Пелистер информираат дека нема повеќе карти за последниот натпревар од сезоната на битолчани и Алкалоид го чека полна сала.

Ракометната Суперлигата на Македонија овој викенд ќе го добие новиот шампион за сезоната 2023/24, но за жал на публиката нема да биде доделен пехарот и медалите на шампионската екипа. РФМ соопшти дека доделувањето на пехарот и медалите ќе се случи на место и во врме кое ќе го одреди новиот шампион.

Решавачките два натпревари за титулата во мак-ракометот ќе се одиграат в сабота во ист термин од 18 часот, а дуелот во Битола ќе го суди битолска судска двојка, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. 

More from ВестиMore posts in Вести »