Press "Enter" to skip to content

Поголема финансиска писменост за здрава финансиска иднина – СН Осигурителен Брокер започна проект за финансиска писменост кај младите

-Најдобрата инвестиција е инвестицијата во себеси, додека пак менаџирањето со финансиите е многу важна вештина која секој возрасен човек треба да ја знае и да ја совлада што порано во животот. Ова беше главната порака споделена со студенти од битолскиот универзитет на интерактивната работилница за финансиска писменост која СН Осигурителен Брокер ја одржа во соработка со Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.-Поголема финансиска писменост за здрава финансиска иднина“ – Ова беше темата на интерактивната работилница наменета за студенти од битолскиот универзитет која во рамките на својата стратегија за општествена одговорност СН Осигурителен Брокер АД Битола ја организираше во соработка соУниверзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.Активноста е дел од проектот на СН Осигурителен брокер за подигнување на финансиската писменост кај младите, а стручни сознанија од областа на студентите им пренесуваат:-Јасмина Димитровска Босилкова – доктор на науки по јавна администрација и магистер по бизнис администрација, осигурителен експерт во секторот штети и прием во осигурувањето во СН Осигурителен Брокер.

-Анета Шијакова – доктор на науки по јавна администрација и магистер по меѓународна политика, раководител на секторот маркетинг во СН Осигурителен Брокер.-Даниел Паришко – магистер по маркетинг и менаџмент, искусен осугурителен професионалец и раководител на секторот за прием во осигурувањето во СН Осигурителен Брокер.

-Александра Танатарец – магистер по осигурување и менаџмент со ризик и докторант на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, раководител на секторот наплата во СН Осигурителен Брокер.Предавањето го поттикна интересот на младите, кои низ плодна дебата со експертите се фокусираа на различни аспекти на финансиската писменост.