Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријава за наставник по физичко-нападнал ученик, пронајдено украдено возило – приведени две лица, физички напад кај тунелот

На 29.05.2024 во СВР Битола, 32 годишна жена од Битола пријавила дека на час по физичко образование во основно училиште во кое учел, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неговиот наставник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 29.05.2024 во напуштен објект на ул. „Илија Николовски Луј” во старата касарна, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 18 годишник од Кавадарци и 40 годишник од Битола. Кај нив било пронајдено патничко возило „опел астра” со ресенски регистарски ознаки, за кое А.Р. (24) од Ресен истиот ден пријавил дека му било одземено во близина на паркингот кај спортската сала во Битола. Возилото било вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицат ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.05.2024 во СВР Битола, Е.Р.(31) од село Ивањевци, општина Могила, пријавил дека на магистралниот пат Битола – Ресен, во близина на тунелот над населбата „Баир”, неколку лица фрлале тврди предмети кон неговото возило, физички го нападнале, а потоа со остри и тврди предмети извршиле оштетување на возилото во кое бил со неговата сопруга, нејзината сестра и неговите две малолетни деца. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »