Press "Enter" to skip to content

Во старата касарна пронајдени вкупно 2.871 пушка, однесени во магацин

На локација каде се гради нов објект на Територијалната противпожарна единица – Битола во поранешната касарна, вчера биле подигнати уште 32 стари пушки и една рачна граната од балканските војни.

Вкупно со претходните неколку денови, неделава, како што истакнуваат од ЦУК, на таа локација досега се пронајдени вкупно 2.871 пушка.

-Пренесени се во магацин и со нив ќе се постапува според стандардните безбедносни оперативни процедури предвидени за вакви случаи. Граѓаните, ако случајно пронајдат оружје, бомби, гранати и слични неексплодирани убојни средства, од безбедносен аспект за нив и околината, важно е да не ги фаќаат и да не ги поместуваат. Едноставно да ги пријават локацијата и виденото на 112 во ЦУК, за надлежните безбедно да ги отстранат и да ги неутрализираат – се наведува во соопштението.a

More from ВестиMore posts in Вести »