Press "Enter" to skip to content

Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за Арам Хованисјан (фотогалерија)

Синоќа во Народниот театар Битола со доделувањето на наградите за најдобрите остварувања, синоќа во Битола беше затворено 25. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама.-На нашите сцени пред точно 7 денови, светнаа рефлекторите на јубилејното 25 издание на Интернационалниот фестивал на Монодрама во Битола. Тоа означи почеток на овој фестивал, кој е толку многу посебен и надвор од рамките на програмските насоки на било кој друг театарски фестивал во нашата земја, па и пошироко во регионот. Од таа вечер, па до оваа последна, со насмевка и возбуда ја чекавме верната театарска публика која знае како да ги дочека и испрати со аплаузи актерите кои и овој пат дојдоа од многу страни на светот, , рече директорката на Центарот за култура Маја Андоновска – Илиевски и додаде:-Ви благодариме што секоја вечер гледалиштата беа исполнети до последното место. Градот Битола уште една докажа дека е вистински фестивалски град, место на средба на актери кои ја слават монодрамата како модерна театарска форма на “one man show“.Гран при наградата ја доби актерот Арам Хованисјан, за претставата „Дон Кихот” од Ереван, Ерменија, а Специјалното признание за уникатно театарско искуство го доби актерот Абдула Маасуд и неговиот тим од Обединетите Арапски Емирати.Актерот Игор Ангелов и претставата „Сите најубави работи”, во режија на Дејан Пројковски, ја добија Наградата од публиката на 25. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, која деновиве се одржа во Битола. Наградата на Ангелов му ја врачи Тони Коњановски, градоначалникот на Општина Битола, која традиционално ја доделува оваа награда, кој рече:-Благодарам Маја што во изминатите 7 дена ни го донесе светот по 25 пат, со еден од најтешките драмски видови, како што го нарекувате вие актерите – монодрамата. Повторно имаме чест да уживаме во Битола, благодарам до сите нови стекнати пријатели од ОАЕ и од останатите земки кои учествуваат оваа година. Имав чест да бидат мои гости во општина Битола. Се радуваме сите и посакувам уште многу вакви фестивали и убави работи да ја красат Битола, рече Коњановски.Претставата „Букача”, на театарската дружина „Ема” од Загреб, Хрватска, ја доби
наградата за најдобра режија, а за најдобар актер беше прогласена Јулија Кудрјасова од Казахстан, со претставата „Кој го знае едниот”.

На затворањето на фестивалот на присутните им се обрати и министерката за култура Бисера Костадинска – Стојчевска.Во чест на наградените, Драмскиот театар од Скопје ја изведе претставата „Чудна
случка со кучето во нокта”.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »