Press "Enter" to skip to content

Елена Неделковска, директор на детската градинка “Мали Генијалци”: градинката на секое дете да му биде вистинско уживање, каде ќе игра, учи и стекнува нови вештини (фото)

Денес се облежува интернационалниот ден на децата – 1 јуни. Одлука за прогласување на овој ден за посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите. Една од опциите која ја нуди нашиот град за едукација, згрижување и воспитување на деца е ДГ “Мали Генијалци”. Разговараме со нејзиниот директор Елена Неделковска.Од каде идејата за приватна детска градинка?

-Желбата на свој начин да ги мотивирам, инспирирам, охрабрувам и подржувам децата преку создавање на безбедна, развојно соодветна и грижлива средина која резултира со социјален, емоционален, когнитивен и физички развој, поттикнува да создадат позитивна слика за себе како и љубов кон знаењето, со единствена цел најмалите да обезбедат силна основа за понатамошни успеси во животот.Што за Вас значи работата со деца, професијата воспитувач?

-Воспитувачот реализира активности во насока на вклучување на децата во воспитно – образовниот систем. Тој е одговорно лице кое преку водење на развојно планирање, советување, емоционална поддршка, воспитување, организација и следење во реализацијата на активностите на деца на возраст од 0 до 6 години. Воспитувачот им помага на децата во совладување на наставниот материјал и развивање на вештини за учење.

Дали денешните деца се разликуваат од поранешните генерации како што тврдат многу стручни лица кои работат со деца. Дали и Вие го имате тоа искуство?

-Стекнувањето проширени знаења се диктирани од многу надворешни фактори што контролирано или неконтролирано влегуваат во семејствата е резултат на различни генерацции. Ако претходните генерации ги имале игрите на отворено, со природни материјали, овие генерации, пак, имаат едукативни игри на таблет. На секоја генерација ѝ се даваат различни можности за да спознае нешто повеќе од претходната и со тоа богатство побрзо да напредува. Сепак, за секоја генерација е значајно истото – колку ќе се вложиме ние како воспитувачи и секако родители, толку децата ќе бидат добри и успешни.Раскажете ни малку повеќе околу концептот на работа на ДГ “Мали Генијалци” кога е формирана, колкав капацитет?

-ДГ “Мали Генијалци” е формирана 12.06.2015 година. Градинката е со работно време од 7:00 до 17:00 часот, и згрижува деца во целодневен престој на возраст од 0 до 6 годишна возраст во три воспитни групи. Една за деца на возраст од 0-2 години (10 деца во група), една за деца на возраст од 2-4 години (10 деца во група) и друга за деца од 4- 6 години (исто така 10 деца во група). Тимот на ДГ “ Мали Генијаллци” е составен од млади ентузијасти, но и искусен и посветен кадар, кој секојдневието на Вашето дете прави да му биде вистинско уживање, а паралелно низ игра да учи и да се стекнува со нови вештини. Со стимулирачко опкружување, едукативна програма, креативни работилници, моторички активности, настава на англиски јазик, факултативни едукативни и слободни прошетки се само дел од активностите кои ги спроведува градинката за правилен раст и развој на секое дете.Како изгледа еден ден на децата во ДГ “Мали генијалци”?

-Еден ден во нашата градинка ДГ “Мали генијалци “ поминува вака: 07:00 – 08:15- прием на деца и слободни активности 08:15 – 08:30 – утринска гимнастика 08:30 – 09:00 организација за појадок и појадок 09:00 – 9:30 – организирани слободни активности 9:30 – 10:30 – групна активност и работа по катчиња 10:30 – 11:15 – организирани игри и прошетки 11:15 – 12:00 – подготовка за ручек и ручек 12:00-14:00 – пладневен одмор и тивки активности 14:00- 14:30 – подготовка за ужина и ужина 14:30-17:00 – слободни игри, игри по катчиња и испраѓање на децата.Денес е интернационалниот ден на децата – 1 јуни, како Вие ќе го одбележите овој ден?

-Секој од нас со некоја мала скромна донација може да допринесе кон подобрување на образовниот процес. Овојпат нашиот избор се две основни училишта од Битола и изборот е спортска опрема за физичко и здравствено образование.И за крај како ја поттикнувате креативноста и имагинацијата кај децата?

-Со фантазијата се раѓа детската креативност, генијалност и размислување . Креативноста кај децата е спонтана и нема крајна цел за некое одредено дело туку е сама по себе цел. Детската фантазија, љубопитност, спонтаност и потреба за откривање на светот се автентични. Предноста кај децата е недостатокот од искуство, тоа е едно од нивните креативни средства , затоа што не се оптеретени туку доживуваат, спремни се многу пати и истрајно да експериментираат и да го истражуваат светот околу себе. Важно е децата да експериментираат, да поставуваат прашања, да кажуваат мислење, да ги откриваат своите идеи и да ги објаснуваат. Да се негува креативна атмосфера и да се охрабруваат, да пробаат нешто ново што не пробале никогаш порано, притоа да не се нагласува чија идеа е најдобра или која е или не возможна за да се реализира. Најголем акцент треба да биде на процесот на осмислување на новата идеја, а не на оценување на истата. За поттикнување на креативноста важни се љубовта , поддршката, вниманието и топлата атмосфера од семејството што ја создават родителите и другите возрасни.

Разговорот го водеa : Н.С. и С.Д.
Фотографии: Борче Нечовски