Press "Enter" to skip to content

“Креативен ден 2024“ концепт кој ги негува иновациите на модните активисти и го носи новото време (фотогалерија)

-Битола – инспиративна точка што го следи модниот урбан кодекс, крик кон убавото, копнеж кон авангардот, елеганцијата. Место каде на “ТИ“ си со уметноста. А бидејќи модата е уметност, таа секогаш се наоѓа во првите редови на сите важни случувања, па така и на “Креативен ден 2024“, беше речено на отворањето кое се одржа синоќа во Офицерски дом во Битола.-Самиот авангард што го носат модните ревии од овој тип, значи пасионизираност, препознавање и валоризирање кон нашите брендови. Освен тоа, целта на “Креативен ден 2024“ е да се даде поддршка на стручното образование, поттик на претприемништво меѓу младите, вмрежување помеѓу модните активисти и акцентирање на нашите таленти и дизајнерски имиња. Ова издание на „Креативен Ден 2024“ година, нуди еден поинаков концепт што со есенцијален пристап ги негува иновациите кои ги носи новото време, рекоа организаторите.“Креативен ден 2024“ ги презентира професиите кои ги допира модните дизајнери во поглед на личен и развој како доминантна цел за една економија. Креативен ден е линк помеѓу образованието и бизнис секторот. Професионални модни дизајнери, во улога на ментори, дизајнираат заедно со младата модна сила од текстилниот отсек во средните училишта низ Македонија. Успешните деловни жени од нашиот град и пошироко, ги презентираат креациите и ги купуваат. Собраните средства се донација наменета за повторно подобрување на практичната настава.“Креативен ден 2024“ е идеја на професорките на Анита Стефановска, Ема Ќука и Живка Танушевска од текстилната струка на СОУ “Таки Даскало“ и Весна Божиловиќ од продукцијата “Божиловиќ“.

На  “Креативен ден 2024“  настапија ученичката  Мирјета Адеми заедно со Соња Димитровска, сопственик на приватното училиште “Клик“. Потоа Весна Божиловиќ моден дизајнер, Ана Трајановска ученик и Ана Ристевска, сопственик на “Јавен Адвертајзинг“ секако со ќерката на Ана како неизбежно моден додаток од креацијата. 

Во тимот на Христијана Голубовиќ, моден дизајнер, беа Јасмина Атанасова – наставник по стручни предмети во средното медицинско училиште и Виолета Мишакова – ученик на текстилната струка во СОУ  “Таки Даскало“.

На сцената се појави и тимот на Ирена Стојчевска, моден дизајнер, Оливера Трајкова – професор по виолина во Државното музичко училиште  и ученичката Кристина Стојчевска. Потоа се појавија и Маја Андеевска – моден креатор, ученичката Мелинда Ајдиновска и Соња К0ндовски – професор по француски јазик. Тимот на Мирјана Дамјановска, модниот дизајнер,  беше составен од Сузана Рома -сопственичка на познатиот бутик за чевли “Рома“ и Ангела Нечовска ученичка во СОУ “Таки Даскало“.

Александар Ортаковски – моден дизајнер, беше заедно со  Јасмина Ортаковска – одделенски наставник и ученичката Маја Автаровска.На сцената се појави и тимот од Охрид, составен од Екатерина Петревска, Бисера Нечовски и ученичката Андреа Ризовска. Настапија и дизајнерот Снежана Вала, заедно со ученикот Сибел Аљиљи и Марина Коруновска – наставник и диригент.

Тимот на Маја Петковска – моден дизајнер беше составен од Ружа Коњановска и ученичката Садет Амедовска. Мирјана Момировска, модниот дизајнер беше во тимот заедно со Наташа Грамосли – сопственик на градежната фирма “Грамонд“ и  ученичката Назал Рамизова.

Од Штип на сцената во Офицерски дом Битола се појавија Наташа Тасева, моден дизајнер, наставник по стручни предмети и ученикот Огнен Митревски, а од Штип имаше уште еден тим, Лидија Ѓорѓиева професор, Симеона Томова сопственик на моден бренд за модни додатоци “Revoir.Mk“ и ученичката Моника Ристова. 

Тимот од Прилеп беше во состав Јулијана Поповска професор и ментор, моден дизајнер Мирјана Ванчева и Андријана Дукоска – позната виолончелистка и ученик Евгенија Тасеска. Јулијана Поповска професор и ментор, Мирјана Ванчева – модниот дизајнер, Весна Апостолоска, сопственик на туристичка агенција  и Андреа Костадиноска – ученичка беше следниот тим. Од креативната приказна дел беше ученичката Софија Етемовсказаедно со Мими Дуева вработена во текстилната компанија “Mercury“. Од Богданци ни доаѓа и тимот составен од Весна Ристовска, професор и дизајнер кој заедно со ученичката Валона Етемевска креираа за Сара Џекова, дипломиран елекротехнички инженер. Тимот од Кавадарци беше во состав Боркица Андоновска,  моден дизајнер и Ларита Василова, ученик и Станка Василова.

Тимот од училиштето Перо Наков од Куманово составен од Викторија Крстевска, моден дизајнер и наставник во училиштето, ученичката  Миа Тодоровска и Елена Најдоски – ТВ лице. Моника Ангелевска, моден дизајнер од Ресен беше заедно со ученичката Ева Ацковска, а дизајнираа модел за Билјана Гошаревска, вработена во Заводот за рехабилитација во Отешево.Благој Мицевски – моден дизајнер се претстави заедно со Христина Секирска – ученичката и Марина Цигарида, регионален менаџер за продажба на АВОН. Анастасија Зулевска моден дизајнер заедно беше со Стефанија Милевска Враниќ музички артист и ученичка – Тамара Ѓорѓиевска

Билјна Крајчевска драматург во Народен театар Битола беше во креација на Муамд Малоковски и Флоренсија Дурак.Во музичкиот дел настапија дуо пијано Теона Буџаковска и Јане Петровски – млади талентирани пијанисти, ученици во шесто одделение во Државното музичко училиште во Битола.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »