Press "Enter" to skip to content

Полни трибини, тежок натпревар, одлично навивање, за голема радост за осмата титула, втора по ред во Битола (мега фотогалерија)

Ако пред триесетина години во спортската сала “Младост“ во Битола екипата на Пелистер ги редеше титулите, а битолчани им ги скандираа имињата на Пепи Манасков, Цане Крстевски, Слободан Николиќ, Стевче Стефановски… денес тие беа на трибините им ја честитаа титулата, осма по ред на клубот, на некои, денешни, нови момци.А тие момци вечерва беа предводени од капитенот, битолчанецот, Филип Кузмановски, а со него беа Лесњак, Калифа, Тајник, Цехте, Пешевски, Кузмановски, близнаците Атасијевиќ, Танковски, … ја освоија 8. титула, за Еурофарм Пелистер, во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“.А дека ракометот во Битола има традиција потврди капитенот Кузмановски, кој рече дека титулата им ја посветуваат на легендарниот претседател Силјан Мицевски – Циле.А токму, сега, оваа сезона и претходните, неговото семејство е спознорот на клубот, кој ја освои втората по ред титула.А до титулата, како рече тренерот Бранисла Ангелевски, “пелистерци“ дојдоа без кикс, кој го очекуваше најголемиот ривал, вечниот ракометен противник, екипата на Вардар.

Последниот натпревар беше типичен првенествен, неизвесен, со тешки дуели, со скршен нос, со исклучувања… но победата беше за Еурофарм Пелистер, а со тоа големиот, тежок пехар на РМФ уште една сезона ќе преседи во Битола, во клубските витрини.Како беше на трибините, на паркетот, и како се прослави титулата, низ мега фотогалерија, ќе се обидеме да ја пренесеме атмосферата, но кога се освојува титула, тоа мора да се доживее.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »