Press "Enter" to skip to content

Градоначалникот во својот кабинет ги прими ракометните шампиони, тие добија бонус и потврда за продолжување на платформата (фотогалерија)

По освојувањето на шампионската титула за сезоната 2023/2024 година, ракометарите на Еурофарм Пелистер имаа прием кај градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, а во кабинетот на градоначаликот беше претседателот на Еурофарм Пелистер – Зоран Стерјев, тренерот Бранко Ангелевски, капитенот Филип Кузмановски, сите ракометари и Управата на клубот.Градоначалникот истакна дека Битола своето обраќање кон шампионите го започна со зборовите веќе втор ден живее со ракометната еуфорија, која што започна во саботата вечерта, по победата на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер над Алкалоид.-Особена чест и задоволство е да се биде заедно со вас и да ја одбележиме шампионската титула која што останува во Битола. Општината и натаму ќе биде ваш поддржувач, а се надевам дека и во следната сезона заеднички ќе одбележуваме победи и нови успеси на ракометниот клуб, кој е спортски бренд на градот. Се мадевам дека ќе ја продолжиме соработката со клубот која е воспоставена преку ракометната платформа и во иднина. Сакам да им порачам на оние ракометари кои заминуваат од Битола и ја продолжуваат својата кариера во други клубови дека Битола ќе биде град домаќин за вас, пријателствата кои ги имате во градот, кој посебно го сака ракометот, ќе бидат трајни, а вие и во иднина ќе биде драги гости, без разлика дали ќе бидета тука како ракометни противници или со семејствата. Претседателот Зоран Стерјев, во кабинетот на првиот човек на градот прво се заблагодари за одвоеното време и честа да гости кај Коњановски.-Сакам вам како на градоначалник да ви се заблагодарам за соработката и за тоа што заедно дојдовме до посакувана титула, шампиони на Македонија. Се надевам дека за брзо време и официјално ќе ја продолжиме соработката преку ракометната платформа, која се покажа како успешен проект. Целта беше да имаме во Битола два трофеја, но годинава имаме само еден. Но, за идната сезона поставивме нова цел, три домашни трофеи, а за амбициите и планот како да дојдеме до тоа ќе објавиме наскоро.Тренерот на Еурофарм Пелистер – Бранче Ангеловски и капитенот Филип Кузмановски се заблагодарија во име на ракометарите за помошта која ја имаа од спонзорот, односно претседателот Стерјев и од Општината, односно градоначалникот Коњановски.-Две титули по ред пред години има освоено Звонко Шундовски кој сега е дел од клубот, и сега во изминатите две сезони. Нашата цел е да го зголемиме рекордот, идната сезона да биде трета по ред, и така да продолжиме, рече Ангеловски.Градоначалникот инфорираше дека на денешната седница на Советот одредена е премија за освоената титула во висина од три и пол милиони денари, кои клубот ги доби како награда за повторениот успех. Покрај тоа, градоначалникот Коњановски ги увери пелистерци дека поддршката на клубот од страна на општината продолжува и во иднина. Потпис на новата платформа за ракометна Битола е најавена за следната седмица. Клубот и општината тесно соработуваат, па и во следните сезони Еурофарм Пелистер ќе добива финансиска поддршка од Општина Битола, а повеќе детали ќе се знаат по потпишувањето следната седмица.Ракометарите на Еурофарм Пелистер се заблагодарија на приемот во општина Битола и на подароците, кои им беа доделени од страна на градоначалникот.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »