Press "Enter" to skip to content

Завршен настан на проектот “Различни потреби – Идентични права“ (фото)

Во просториите на “Млади Хаб“ Битола се одржа Завршен настан за дисеминација на проектните резултати во рамки на проектот „Различни потреби – Идентични права“.Настанот го започнаа Елена Ѓероска, проектен координатор и Емилиа Ѓероска, проектен менаџер, кои што истакнаа дека 18 млади од 9 рурални пелагониски општини со овој проект се обучени за вистинско младинско вклучување во процесот на креирање и носење политики. Односно 18 млади се подготвени да се вклучат во процесите на административно правна соработка со општинските совети и градоначалниците.На настанот беше промовирана и Анализата за специфичните потреби/проблеми на младите во руралните средини наспроти младите кои живеат во урбани населени места. Од страна на консултантот Рубин Николоски беа презентирани сите наоди, но и препораки за реалните проблеми на младите од руралните средини.Спроведената анализа за потребите и проблемите на младите од руралните средини опфати теренското истражување, анализа на документи и дата бази, интервјуа со млади, локални власти и граѓанси организации.Беа презентирани и иницијативи од страна на младите од две општини од рурална Пелагонија, кои со обуките одржани во рамките на проектот ги зајакнаа своите капацитети, со цел поголема вклученост во носењето на одлуки во нивните локални заедници.Оваа активност е дел од проектот „Заедници инклузивни за млади“, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија – НМСМ, во партнерство со Фондација за развој на локалната заедница – Штип, SFERA International Битола и Платформа за младинско јакнење ЈЕП – Гостивар, со финансиска поддршка од Европската Унија.Главната цел на проектот е подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот.Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

More from ВестиMore posts in Вести »