На 69. театарскиот фестивал “Стеријино позорје“, што се одржа во Нови Сад, Сандра Грибовска – Илиевска за неколку улоги во претставата “Брод за кукли“ во режија на Кокан Младеновиќ, а продукција на Народниот театар Битола, ја доби наградата за најдобра млада актерка.
Наградата која ја доби Грибовска – Илиевска го носи името на легендарната актерка Даринка Дара Чалениќ, а и се додели за улогите Мала сестра, Алиса, Снежана и Марика, одлуката е донесена едногласно.
Инаку, “Стеријно позорје“ е еден од најзначајните театарски фестивали во регионот, каде битолскиот театар учествува по дури 33 години.