Д-р Марјан Танушевски од Битола директор на македонскиот Културно информативен центар во Белград.
На Танушевски во Белград прием и успешна работа му посака нашиот амбсадор Н.Е Никола Тупанчески.
-Новата работна позиција овозможува продолжување на нашата соработка низ афирмација на македонската култура, напиша кратко д-р Марјан Танушевски, по стапувањето на новата должност во Културно информативен центар во Белград.
Инаку, Марјан Танушевски е доктор на науки, предава на Академијата Смилевски во Битола. Танушевски на оваа позиција доаѓа од местото новинар во Македонската информативна агенција – МИА, а претходно работеше како новинар во Радио Битола.