Македонскиот првак Еурофарм Пелистер по крајот на тековната сезона се разделува со седум свои ракометари и ќе направи сериозни промени во играчкиот кадар. За дел од нив веќе од претходно беше познато дека заминуваат.Овие одлуки за заминување беа соопштени синоќа на интерна манифестација која се одржа во “Голд Фелиција“ во Битола, каде на едно место по повод крајот на сезоната беа акционерите, спонзорите и пријателите на клубот, а шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер и официјално ја заврши сезоната 2023/24.На церемонијата присутни беа сите чинители на успешната сезона, а клубот го анализираше постигнатото.Се обратија претседателот Зоран Стерјев, спортскиот директор Звонко Шундовски, тренерот Бранислав Ангеловски и капитенот Филип Кузмановски.Потоа следуваше и емотивниот дел кога Еурофарм Пелистер на крајот на сезоната се разделува со седум ракомери кои заминуваат по истек на договорот.Еурофарм Пелистер најискрено им се заблагодари за професионалноста и ангажманот на: Урбан Лесјак, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Марио Танкоски, Денис Васиљев, Руди Сери и Матеуж Пиеховски, беа испратени ракометарите кои заминуваат од клубот на истек на договорот, кои добија пригодни подароци како спомен за престојот во Битола.Клубот им посаку успеси во новите средини и вратите на Еурофарм Пелистер и град Битола секогаш ќе бидат отворени за нив.Следната ваква средба закажана е за крајот на август, при претставувањето на екипата за сезоната 2024/25, а д0 тогаш се очекува Еурофарм Пелистер да го комплетира тимот за следната сезона, градејќи ростер и за добар настап во Европа. Како првак на Македонија тимот од Битола има право да аплицира за „вајлд карта“ за Лигата на шампионите, додека има сигурно место во групите на Европската лига на ЕХФ.
Еурофарм Пелистер на завршна церемонија се раздели од седум ракометари, направи анализа и ги кажа плановите за новата сезона (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
- Самоил Ристевски потпиша договор со Еурофарм Пелистер до 2028 година
- Пелистер поразен од Подгорица во АБА2 после големиот пад на играта во финишот
- Алекандар Петровиќ: очекувам поинакво издание на противникот, но одиме да се надигруваме