Press "Enter" to skip to content

Јени маале победник на Куп финалето на ОФС, понатаму очекуваат прволигаш, зошто не и Вардар (фотогалерија)

Јени мале – Могила 2:1 (1:1)

Фудбалскиот клуб Јенимаале го освои трофејот во годинешниот Куп организиран од Општинскиот фудбалски сојуз Битола. Во куп финалето ја совладаа ФК Могила, со 2:1.Во прекрасна атмосфера на Градскиот стадион “Петар Милошевски“ околу 800 навивачи уживаа во убавата игра. Навивачите на Јенимаале имаат причина за задоволство бидејќи којотите за првпат ќе играат во Купот на Македонија.Екипата предводена од Тоде Блажевски беше подобар противник во текот на целиот натпревар и сосема заслужено се радуваше на првиот освоен трофеј, со кој ја заокружи одличната сезона.По директниот црвен картон во 15. минута, за екипата на ФК Могила, ФК Јенимаале го зголеми темпото на играта, но не успеа да го отвори резултатот. ФК Јенимаале имаше неколку сериозни шанси кои не беа доволни за да постигнат гол. Во 35. минута стигна казната, каде што екипата на ФК Могила поведе со 0:1 по грешката на голманот Димовски. Сепак, Јенимаале продолжи со темпото и по само 10 минути успеа да го израмни резултатот на 1:1.Подобрата игра и доминацијата успеаја да ја крунисаат по шутот на капитенот Никола Пискачев, голманот на ФК Могила ја одби топката и на неа натрча Владимир Крстевски и успеа да изедначи во 45+’ минута од средбата.Во продолжението Мустафаи Хајдин погодува во 75. минута за предност на ФК Јенимаале од 2:1.Оваа е втор пехар на Фк Јенимаале, којотите пред четири години го кренаа првиот пехар и ја освоија Општинската “Б“ лига по што се искачија еден ранг погоре во “А“ лигата.За Јенимаале настапија: Александар Димовски, Стефан Стојчевски, Христијан Ристевски, Марјан Златевски, Христијан Стојановски, Владимир Крстевски, Боби Думевски, Никола Пискачев (C), Васко Наумовски, Мустафаи Хајдин, Кристијан Симиќ, Андреј Лозановски, Михајло Вангелов, Петар Ристевски. На клупата останаа: Филип Жиров, Пеце Василевски, Дарко Ристевски.По победата ги запрашавме играчите од клубот: Кој тим би го избрале како противник во Купот на Македонија?-Веројатно мнозинството фанови би рекле третотолигаш, но искрено чест и привилегија и наша желба е да играме против екипа од Првата македонска фудбалска лига, ни одговорија од клубот, а за она што го подготвуваат понатаму рекоа:-Клубот секоја години расти и ја крева летвичката за организација. Оваа 2024 ќе биде јубилејна, славиме 15 години од нашето постоење па за 14 јуни спремаме нешто уште подобро, да не откриваме што нека биде изненадување за нашите фанови.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »