Press "Enter" to skip to content

“BioRePeel“ пилингот за кој зборува светот, го има во “Боди М“

“BioRePeel“ е иновативен третман за пилинг, кој користи патентирана технологија во две фази. Овој третман обезбедува био-стимулирачки, ревитализирачки и ефект сличен на лупење на кора. Комбинацијата на овие компоненти резултира со благ пилинг, стимулирање на биосинтетичкиот процес и обновување на структурата на кожата.  Овој процес го намалува оштетувањето од УВ светлината, пигментацијата и лузните од акни и ефикасно го спречува стареењето на кожата. Третманот е погоден за сите типови на кожа, вклучувајќи ги и оние со фини брчки, акни, свежи лузни и митесери.

Синергијата на поединечните компоненти на производот ги враќа оптималните физиолошки услови на кожата, со што производот повеќе не е само пилинг, туку комплетен медицински естетски и дерматолошки третман, идеален за секоја потреба за решавање на проблемите на кожата, благодарение на неговото антиоксидантно и навлажнувачко дејство.Ексфолирачкото и кератолитичкото дејство го промовира обновувањето на клетките со отстранување на клетките на надворешниот слој на кожата со селективно дејство на спојните врски.

Дермофункционалноста на активните состојки придонесува за длабока стимулација и репликацијата на кожата и биосинтетичките процеси.

Ги отвора врските помеѓу клетките и и овозможува на горниот слој на кожата нежно да го отстрани досадниот, горен слој, за да се открие мазна и блескава нова кожа. Без игли, сосем безболен третмани со резултати на брзо дејство.

Зошто BioRePeel?

-Ја хидрира, ја тонира и ја осветлува кожата

-Дава убава свежа боја на кожата

-Има инстант резултати без употреба на инвазивни методи

-Целосен безболен третман

Експертско мислење 

-Многу истражувања и малку повеќе тестирања стојат позади овој третман. Секој професионалец во козметологијата ќе се заљуби во BioRePeel. Заборавете што мислите дека знаете за хемискиот пилинг и запознајте го BioRePeel. Способен да изгради колаген, да ги намали фините линии, да даде кожа со нов сјај, тој длабоко ги чисти порите, ги бледее флеките, ги намалува лузните, па дури го решава и црвенилото. Тој е еден од најпознатите достапни третмани за лице, кои ги има светот денес.