Press "Enter" to skip to content

“Готвиме со Младите“ во  “POP FOOD DeNiro“, гастроперформанс во рамки на Креативен ден Битола (фото) 

Гастро перфoрмансот “Готвиме со Младите“ се одржа во Битола во новата кујна на “POP FOOD DeNiro“ на 1 јуни, во рамки на Креативниот ден, кој се одржува трета година по ред, а оваа година.-Оваа година покрај модниот перформанс, додаваме уште една содржина и тоа гастро перформанс, ни кажа Весна Божиловиќ од “Продукција Божиловиќ“.Преку овој перформанс, на пошироката млада популација, потенцијални средношколци на оваа струка, како и учениците кои веќе се определиле за истата, целта е да им ја доближеме гастономијата, да ги внесеме во светот на вкусовите, со сите  убавини, креативност, вештини, тимска работа и можности кои ги нуди самата струка.-Благодарност до Силвана Филевска и драго ми е што се наоѓаме во новата кујна на “POP FOOD DeNiro“. Долго се подготвуваме за овој настан и денес ќе готват со децата Маријан Милош кувар, шеф во новата кујна на “POP FOOD DeNiro“и  Дејан Христовски од Скопје професор во средното угостителско училиште “Лазар Талев“, рекоа организаторите.

Ж. Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »