Press "Enter" to skip to content

Средношколци од гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола на традиционалната размена во Нормандија, Франција (фото)

Во средината на мај, од 13 до 17 мај, 31 ученик од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, ученици во билингвалната француска паралелка и ученици кои го изучуваат францускиот јазик како втор странски јазик, беа дел од традиционалната размена на ученици со училиштето “Тома Паске“ од Кутанс, Нормандија.Долга е традицијата на размени на ученици со регионот Нормандија и досега над 650 средношколци од двете земји биле дел од овие размени.Целта на размената на ученици е да се претстават образованието, културата, традицијата и историјата на двете земји, Македонија и Франција и да им се даде можност на учениците да ги подобрат конуникациските способности, да го употребуваат францускиот јазик, да го претстават своето училиште, градот и земјата.Секоја година учениците работат на заедничка тема, која ги поврзува и им овозможува да соработуваат, истражуваат и презентираат, да работат во групи.Оваа година учениците од двете училишта работеа на изложба која беше изработена билингвално на двата јазици – македонски и француски, посветена на 80 години од крајот на Втората светска војна во Франција и Македонија.

Целта на изложбата беше преку заедничка работа на учениците и нивните професори, да се претстави текот на Втората светска војна во Македонија и Нормандија, но и да се потенцираат поврзаноста на настаните и покрај оддалеченоста на двете територии и значењето на победата над фашизмот.Од самиот почеток на овие размени, учениците од гимназијата имаат голема поддршка од Француската алијанса од Битола, но и од Францускиот институт од Скопје и дипломатските претставници на Република Франција во Македонија.  Оваа година размената беше поддржана и од Општините Битола и Новаци. Ваквите размени го подобруваат воспитно-образовниот процес во гимназијата и го зголемуваат интересот на учениците.

More from ВестиMore posts in Вести »