Press "Enter" to skip to content

Цехте го продолжи договорот и во следната сезона во Еурофарм Пелистер

Еурифарм Пелистер од Битола  го продолжи договорот со еден од најстандардните ракометари во минатата сезона, искусниот словенечки десен бек, Нејц Цехте.

Нејц Цехте имаше одлични настапи во дресот на Еурфарм Пелистер, а токму тоа беше пресудно клубот да ми понуди нов договор за наредната сезона, кога “пелистерци“ најавија и тројна домашна круна, а по потпишувањето напишаа:-Како дел од стабилизација на проектот и конструирање на тимот за иднина, РК Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте. Десниот бек се обврза на договор на уште една година со шампионот на Македонија 31-годишниот Цехте вгради многу во освојувањето на титулата првак на Македонија 2023/24 и со уште поголеми амбиции ќе влезе во следната сезона. Минатото лето Нејце Цехте од ГОГ Гудме дојде во Еурофарм Пелистер.

Пелистер вчера го претстави новиот кружен напаѓач, кој ќе биде заменик на Васиљев кој ја напушти Битола, хрватскиот пивот Цикетиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »