На денешен ден пред 23 години во близина на селото Гајре, загинаа Благојче Сиљанов, Влатко Миленковски и Пеце Матичевски, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воена полиција од Битолскиот корпус во конфликтот во 2001 година.Во име на општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски заедно со претставници на Советот на општина Битола, како и семејствата на прерано загинатите бранители, Сојуз на борци, СВР Битола, колеги, воени старешини, здруженија и поединци, оддадоа почит со положување на свежо цвеќе на споменикот “Ангел“ кај Саат кулата и споменикот во поранешната касарна.Комеморативните настани во чест на тројцата бранители се организирани од Министерството за одбрана, Регионално одделение за одбрана во Битола, покрај полагање на цвеќе на гробовите на загинатите бранители во Битола и Новаци и на двата претходно споменати споменици, вклучуваат и организација на меморијален турнир во мал фудбал во спортската сала “Павел Шатев“, по што ќе бидат доделени дипломи и благодарници на учесниците.
Оддадена почит на Благојче, Влатко и Пеце, загинатите бранители во 2001 година
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)