Press "Enter" to skip to content

На Радивојевиќ му е убаво во Битола, останува уште една сезона

По вчерашното официјализирање на догововор на словенечкиот бек Нејц Цехте, битолски Еуерофарм Пелостер денес објаби уште една вест, во Битола уште најмалку една година ќе остане српското крило Богдан Радивојевиќ.

Некогашниот европски клупски шампион за краток период ги освои симпатиите кај битолската публика, а со својата игра и кај стручниот штаб и управата

-По одличната прва сезона и освоената шампионска титула, РК Еурофарм Пелистер и поранешниот европски првак, Богдан Радивојевиќ, потпишаа договор за продолжување на соработката.  Десното крило одлично се снајде во Битола по преминот од ПИК Сегед и веднаш ги освои срцата на навивачите. 31-годишниот Радивојевиќ ја продолжи соработката со нашиот клуб за уште една сезона, заклучно со јули 2025 година, велат од редовите на македонскиот шампион.

More from ВестиMore posts in Вести »