Press "Enter" to skip to content

Ординација “Д-р Чипуровски“: алергија и интолеранција на храна

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за алергија и интолеранција на храна, за што вели:

-Витамините се есенцијални биолошки активни супстанции неопходни за нормална функција на секоја клетка за нормален раст и развој ,тие се делат на растворливи во вода и растворливи во масти како витамините А,Д,Е,К од кои посебен внимание треба да се насочи кон Скрининг испитување на витаминот Д и процена на потребата од негова супституција во случаи на недостаток поради неизлиженост на УВ сончеви зраци ,редукција на внес со храна(риба туна сардини ,јајца ,печурки ) и малапсорпции на ниво. на тенко црево.

Во однос на ендокринолошките заболувања витаминот Д е значаен во намалување на ризикот од развој на Дијабетес преку неговиот антиинфламаторен ефект,подобрување на инсулинската сензитивност и влијание на подобрување на инсулинската секреција од бета клетките на лангерхансови островца на панкреасот поизразено во случаи на пациенти со BMI <30kg/m2.Во неколку студии е докажана улогата на недостатокот на вит Д кај пациенти со хипотироидизам како последица на Автоимун Хашимото тироидитис и инверзноста помеѓу Ат-ТПО и серумската концентрација на витаминот Д.

Една од главните функции на витаминот Д е во метаболизмот апсорпција на кациум и нормална минерализација густина на коските, недостатокот во детска возраст води до рахитис со деформитети на коски слабост на мускули ,тетиви и поретко до тетанија.Кај возрасни постменопаузални жени и стари лица над 70 години недостатокот на вит Д води до појава на остеопороза губење на густина на коските и ризик од фрактури на прешленски тела,фемур.

Препорачани превентивни дози за остеопоротични пациенти се од 800-1200 мг калциум дневно и вит Д 1000-2000 ИЕ покрај физичка активност и правилна исхрана.

Ниското ниво на вит Д во случаи на ревматоиден артритис придонесува за зголемено лачење на матриксни металопротеинази и простагландини и зголемување на синовијалната инфламација и деструкција. Недостатокот на вит Д (како имуномодулатор) е еден од маркерите за активност на болеста покрај АНА кај лица со СЛЕ и можноста од прогресија во 30-90%од случаите со лупус поради повисокиот процент на анти ds AT како и ризикот од развој на кардиоваскуларен коморбидитет. Гликокортикоидите и антималариците кои се користат во лекување на СЛЕ го нарушуваат поврзувањето на вит Д за рецепторите и конверзијата на неактивен во активен вит Д.

Кај пациенти со системска склероза вит Д ја намалува кожната фиброза преку инхибитање на ТGF-b. Кај пациентите со ревматолошки заболувања најдобро е скрининг на недостаток на вит Д или доколку не е можно дневна суплементација од 4000 ие дневно барем 1месец со доза на одржување од 1000ие дневно во тек на 1 година.

Значајна е и улогата на недостатокот на вит Д во хроничните цревни инфламаторни болести КБ и УХК и процена на потребата од негова супституција (најчесто 2000ие /ден).