Press "Enter" to skip to content

Прием во кабинетот на ректорот Неделковски за Ева Нешкоска наградена со прво место на Ораторскиот натпревар

По повод  големиот успех на Универзитот “Св. Климент Охридски“ Битола на државниот Ораторски натпревар организиран по повод Денот на Европа, во Ректоратот на УКЛО е одржан прием.Покрај студентката Ева Нешкоска од Педагошкиот факултет, наградена со прво место, на настанот присуствуваше и проф. д-р Билјана Граматковски, ментор на ораторите и воедно, академски кадар од УКЛО што е меѓу најактивните професори вклучени во напорите за активирање на студентскиот потенцијал како одлична можност студентите да ги подобруваат вештините за јавно говорење и да ја негуваат културата на говорот.На приемот, ректорот Неделковски придружуван од проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска, од име на УКЛО го истакна задоволството дека студентите од Универзитетот „Св. Климент Охродски“ – Битола бележат вредни државни признанија и награди. Пригодата беше можност за поблиско запознавање со студенти чии капацитети и успеси заслужуваат пофалби, при што ректорот Неделковски ја нагласи заложбата за нивно вклучување во образовниот процес на УКЛО, мотивација што покрај потврда за вложениот труд и интелектуалниот потенцијал е во насока на определбата да се намали одливот на млади стручни кадри.Покрај високото призание за Ева Нешкоска,  натпреварот на УКЛО му донесе уште една награда, второ место за студентот на втор циклус студии од Педагошкиот факултет – Битола, Антонио Чоневски, кој е меѓу редовните учесници на вакви настани и еден од поистакнатите и ангажирани млади луѓе кои се вклучени во различни воннаставни активности на УКЛО.На ораторскиот успех на државно ниво му претходеше успешен ораторски натпревар, УКЛО Тривим, со којшто УКЛО воспоставува една суптилна, модерна нишка со младите, за нивните права, потреби, нивните мислења и ставови. Тое е можност студентските беседи произлезени од ораторскиот жар да помогнат во трасирање на приоритетите – на ним својствен начин: визионерски и авангардно.

More from ВестиMore posts in Вести »