Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: одземено возило, приведување за дрога во Битола и Дедебалци, пронајдена стара граната

На 07.06.2024 во СВР Битола, В.Р. (69) од Битола пријавил дека ноќта помеѓу 06/07.06.2024 од ул. „Бонде Скерлевски“ во Битола било одземено неговото патничко возило „сузики” со битолски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за расчистување на случајот.

На 06.06.2024 во 23.05 часот во село Дедебалци, општина Могила, полициски службеници од СВР Битола  лишиле од слобода три лица на возраст од 35, 38 и 29 години сите од Битола. При преглед во патничко возило „фолксваген” со битолски регистарски ознаки, во кое биле лицата, а кај  едното чице биле пронајдени и одземени се предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.06.2024 во 19.05 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода четири лица на возраст од 37, 53, 36 и 45 години сите од Битола, затоа што во близина на едно лице, под масата каде што седеле, била пронајдено пакување со бела прашкаста материја. Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.

На 07.06.2024 во СВР Битола било пријавено дека при ископ во место викано „Стара касарна” во Битола била пронајдена експлозивна направа. Увид бил извршен, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување направата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за топовска граната со калибар 75 мм по потекло од пред Првата светска војна.

More from ВестиMore posts in Вести »