Press "Enter" to skip to content

Михајло Трампевски, претседател на Општински Сојуз за училишен спорт – Битола: низ различни спортови вклучени се над 1.500 ученици од основните и 600 од средните училишта

Жанета Ристевска

-Уште во септември со почетокот на учебната година започнуваме  со атлетика, потоа вело-крос, Ноќна трка за 4 ти ноември, се продолжува со футсал, фудбал, натпревари во  кошарка, ракомет, до куглање, шах, гимнастика, стрелаштво. Учениците кои ќе се натпреваруваат низ различни спортски натпревари добиваат спортски ученички книшки, вели Михајло Мими Трампевски претседател на Сојуз за училишен спорт во Битола оваа година реизбран во втор мандат.Михајло Трампевски е наставник по физичко и здравствено образование (ФЗО) во ОУ “Тодор Ангелевски“ Битола, инструктор по скијање и пливање. Низ разговорот со него зборувавме за училишните спортови и меѓу училишни натпревари кои се организираат во текот на учебната година, а ги организира Општинскиот Сојуз за училишен спорт Битола.Кажете ни повеќе за Општинскиот Сојуз за училишен спорт Битола

-Училишните натпревари започнуваат со почетокот на школската година. Уште септември се одржува годишно собрание каде делегатите, наставници по ФЗО од основните и средните училишта, се пријавуваат за учество во кои спортови ќе се натпреваруваат и се прават распореди за сите натпревари. Потоа се прави и избор на спортски сали каде ќе се случуваат натпреварите, според тоа која сала има најповолни услови за секој спорт.  Сите ученици кои се избрани од наставници и професори по ФЗО и кои ќе се натпреваруваат мора да одат во Службата за спортска медицина каде ги поминуваат сите потребни прегледи и добиваат спортска училишна книшка, без која не можат да учествуваат на натпревари. Веднаш откако ќе завршат сите овие подготвителни актовности започнуваме со училишните спортови. Кои спортови се опфатени училишниот спорт и кога започнуваат?

-Со училишните спортови започнуваме со почетокот на учебната година, во септември. Опфатени се сите спортови и учениците се натпреваруваат преку целата година. Вклучени се над 1.500 ученици од основните училишта и тоа 12 од Битола и 5 подрачни училишта од општините Новаци и Могила. Вклучени се и голем број од средните училишта, и над 600 ученици од 8 училишта. Ракомет, кошарка, одбојка, куглање, гимнастика, шах, стрелаштво… се спортови кои се одржуваат преку целата учебна година. Натпреварувања  се одржуваат во различни спорстски сали, според тоа која сала е најпогодна за кој вид спорт.Се почнува со атлетитика со крос трки, ноќна за 4 ти ноември и велосипедски трка, а најмасовно е во футсал.

-Еве ќе кажам како се случуваат спортските случувања од почетокот на учебната година. Најпрво се започнува со  надворешни спортови во месец септември тоа е атлетика:  крос трка во трчање од 3 до 9 одделение и средношколци од средните училишта 1 до 4 година. Се натпреваруваат по возраст во категории. Победниците  добиваат медали, дипломи. Потоа во долниот дел на паркот се случува велосипедска трка, на различни делници, поделени по категорија. Футсалот почнува крајот на септември, и тоа последната недела  и во истиот има најголема масовност. Во натпреварите учествуваат ученици од 6 до 9 одделение од 17 основни училишта од 3 општини, Битола, Новаци, Могила.Најдобрите на државно првенство

-Победниците  се натпреваруваат на Зонски натпревари кој го опфаќаат регионот Ресен, Демир Хисар и Крушево. Се продолжува на Регионално кој го опфаќа регионот Тетово до Кавадраци. Потоа се оди на Државно и Гимназијада која заврши кон крајот на мај. Последни се натпреварите во гимнастика и финалето кое се одржува во јуни. Оваа година на 4 јуни завршниот натпревар за прв пат се одржа во Битола, во ОУ “Св. Климент Охридски“ за што Сојузот и училиштето добија големи пофалби за организацијата од Федерацијата на училишен спорт, а кога ја споменуваме, сакам да кажам дека имаме одлична меѓусебна соработка, вели Михајло Трампевски.Кажете повеќе за спортските капацитети, сали во училиштата и нивната спремност за одржување училишните натпревари?

-Сите училишни натпревари се одржуваат во спортски сали низ училиштата во Битола. На почетокот се пријавуваат наставниците по ФЗО и тогаш се прави распоред во кои сали кои спортови ќе се организираат. Спортските сали на основните училишта “Климент Охридски“, “Елпида Караманди“, “Коле Канински“ секоја има капацитет за посебен спорт. Од средните гимназијата “Јосип Броз Тито“, СМУ “Јован Калаузи“, СЕУ “Јане Сандански“ и Техничкото училиште “Ѓорѓи Наумов“.   Воглавном спортските сали низ училиштата се опремени освен што ОУ “Тодор Ангелевски“ има само училница која заменува сала, се наоѓа во визбата и има столб на средина. Надворешното игралиште е солидно. Исто така и ОУ “Св. Кирил и Методиј“ нема спортска сала, но надворешното игралиште е многу добро.Пред неколку години  учениците уште од прво одделение имаат наставник по ФЗО кој го води часот напоредно со одделенскиот наставник. Кажете дали веќе може да се направи споредба со искуствата пред неколку генерации и сега. Кажете ни повеќе.

-Се разбира дека ова придонесе на правилен начин учениците од мала возраст да се насочуваат кон спорт и спортски активности. Многу побрзо се подготвени за натпревари и затоа  сега за разлика од порано спремни се и ги  вклучуваме ученците уште 6 и 7 одделение, а порано почунуваа со натпревари во 8 и 9 одделение. Влијание има и што родителите децата од најмала возраст ги насочуваат на спорт и се вклучени во приватни школи за сите видови спортови.Михајло Трампевски го продолжува својот втор мандат во Општинскиот Сојуз за училишен спорт, повторно е реизбран заради сериозниот пристап кон својата работа која бара голем ангажман. Кога ќе се каже дека сето ова го прави на доброволна основа како придонес кон локалната средина, нема потреба да се кажува повеќе. Како спортски работник преку Општинскиот сојуз за училишен спорт го промовира училишниот спорт, а мотивира и голем број талентирани млади спортисти кои започнуваат да се натпреваруваат и истакнуваат од најмала возраст во училиште.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »