Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 испадна од Супер лигата, прими гол по истекот на времето

Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш 26:27 (14:9)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола се преселува во понизок ранг откако денес во “Автокоманда“ во Скопје е поразен во баражот од екипата на Радовиш 26:27, полувреме 14:9, со гол примен од слободен удар по завршување на регулатниот дел од натпреварот.

Баражот зпочна израмнето, Еурофарм Пелистер 2 отвори со два гола, но потоа Радовиш дојде до 3:4. До 9:8, кога битолчани заиграа подобро во одбраната и направија разлика со серија 5:0 и дојдоа до резултат 14:8, а на одмор заминаа со +5 (14:9).

Во вториот дел “пелистерци“ имаа плус разлика во текот на второто полувреме, односно во 45 минута, предноста на битолскиот тим беше 21:18. Во 48 минута Радовиш намали на 22:20.  Пресвртот настана во последната минута кога Радовиш со серија од 3:0 го презеде водството, поведе со 25:26. Еурофарм Пелистер 2 во својот последен напад се избори за пенал, реализираше Калајџиовски за 26:26, а по истекот на времето, Постолов од слободен удар донесе голема радост за радовишани.

More from ВестиMore posts in Вести »