Press "Enter" to skip to content

Најслатките и најмилите по втор пат трчаа на “МИНИ Трчај БЕ“ по Шеталиште во Битола (фотогалерија)

-Денес беше весело и возбудливо на Шеталште во Битола каде голем број деца од различни возраст, најмалоте 4 години, трчаа на 2. детска трка “МИНИ Трчај бе“, организирана за најмалите и најмилите. Возбудени деца, во победнички и натпреварувачки дух, трчаа до целта,но имаше и по некоја солза ако не се победи или ако се падне…, но, и медали за сите.

-Водителскиот пар Марјан Ѓорѓиевски и Никола Пројчевски во свој стил го водеа настанот, “Веќе 15 минути немаме загинато дете“, тие помогнати од Виктор и Цаци ги развеселуваа присутните. Денес, недела, 9  јуни во Градскиот парк се одржа првата трка за најмалите и најмилите “МИНИ Трчај бе“. Деца од 4 до 12 години трчаа и ја покажаа својата атлетска моќ. Оваа манифестација е втора од овој вид која има цел да го поттикнува детското трчање, инспирирајќи ги најмладите и промовирајќи здрави животни навики. Забавната програма започна во 10 часот на Градското Шеталиште кај “скејт паркот“.Интересот годинава ги надмина и најоптимистички очекувања на организаторот, а оваа година достигна близу 900 учесници на трката, за разлика од лани кога беа 380, а се одржува на градското шеталиштето, најидеалното место за одржување на ваква детска трка.За првата детска трка во Битола во име на организаторите, Никола Димитровски, рече:-Иако мене ме најавија водителите, сакам да кажам дека не сум јас организатор. Ова што денес го гледата е резултат на тимска работа. Ова создадено со многу труд и многу напор кој што го вложуваат група луѓе кои на Битола им го донесоа и сенирската трка “Трчеј бе“ и оваа детска трка. Се надевам дека и двете трки, едната трае шест години, оваа детската на која му е втора година ќе продолжат како традиција, и ќе бидат едни од најблескавите годишни настани кои ги има и ќе ги има градот во иднина, и додаде:-Денес имаме пријавено околу 900 деца и во публиката има сигурно 2.000 луѓе што е показател може да видеме масовност и на убави позитивни настани кои се поврзани со пренесување на убава порака, поврзани со агитирање и на здрав живот. Сите возрасни биле деца, но само малкумина се сеќаваат на тоа, а се надевам дека оваа трка ќе им остане во сеќавање на овие деца, кои можеме слободно да ги наречеме супер херои. Инаку, “МИНИ Трчај бе“ е детска трка посветена на малите шампиони, со цел да ги вовлече во радоста и енергијата на трчањето и спортот. Ова е моментот кога децата го доживеја бодрењето од публиката и се почувствуваат како вистински победници, кога ќе ја преминат целта. Но фокусот не е само на победата, туку негување на љубов кон физичката активност и радоста. Преку оваа трка, децата не само што ја искусија возбудата од трчањето, туку и научија вредни лекции за истрајност, спортски дух и добивање награда. “Мини Трчај Бе“, треба да го означи почетокот на новата традиција за првата детска трка во Битола, која ќе инспирира и ангажира генерации млади тркачи. Организаторите донираа и  50 стартни пакети на децата од социјално ранливите семејства, обезбедувајќи и тие деца да имаат можност да учествуваат и да уживаат во трката.За крај, децата се родени да трчаат, тие се нашите суперхерои, а сега, во Битола, ја трчаа и втората своја трка “МИНИ Трчај бе“ .

Ж. Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »