Press "Enter" to skip to content

Кошаркарскиот клуб Петровски од Битола – шампион во категоријата М12 – жени

Петровски – Бадел 1862 51:46

Кошаркарскиот клуб Петровски од Битола е победник во најмладата возрасна категорија во женска конкуренција, откако на завршниот турнир во кој се одржа во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола ја победи екипата на Бадел 1862 со резултат 51:46.

Екипата на кошаркарскиот клуб Петровски е предводена од тренерите Никола Петровски и Нора Мемедова, како домаќин славеше со победа во финалето и се закити со златен медал.За најкорисен играч (МВП) на натпреварот беше прогласена Јана Наумовска од КК Петровски.

Во име на организаторот на турнирот, тренерот Кире Петровски, рече дека посакува уште многу кошаркарски турнири во кои ќе ужива битолската публика. Што се однесува до победата Петровски вели дека девојките лавовски се бореле за секоја топка и на крајот и заслужено ја освоиле титулата.

More from ВестиMore posts in Вести »