Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: болест на современото општество – постојано брзаме

„Ајде побрзај, кажи ми што имаш, морам да стигнам до… Постојано некаде брзаме и зборуваме дека немаме време. Дури ни за дружење. “Немам време за да се видиме, да пиеме кафе“… Несвесно им праќаме порака на другите дека немаме време вистински да ги слушнеме и видиме.  Децата може да ги застрашиме “ако не побрзаш ќе заминам без тебе“. Често си правиме густ распоредот на обврски  кој наметнува и кратки рокови и само се брзаме и себеси и другите за да го достигнеме.

Цената на брзање како начин на живот, психофизички последици 

Истражувања покажуваат дека стресот повразан со брзањето може да влијае на проблеми со спиење, апетит, појава на хроничем замор, главоболки, проблеми со стомакот и послаб имунолоки систем.

Психосоцијални последици

Понекогаш можеме да заминеме од оние личности кои не можат да го следат нашето темпо и продолжуваме да трчаме сами. И кога стигнеме до целта гледаме дека со нас нема никој и дека сме останале САМИ. Тоа е цената која може да ја платиме и тоа висока цена. Но да објасниме, што е тоа во човековата природа што го тера да брза?

Во психологијата на индивидуални разлики тенденција да бидеме постојано забрзани се припишува на колеричниот темперамент и тип А личност во чии клучни карактеристики се вбројуваат: постојано брзање, преокупираност на управување со време и нестрпливсот. Затоа Некои ќе кажат „Не можам да успорам, таков сум по карактер“.  Бразањето како  механизам на одбрана за носење со траума Интересно е да некои како психотерапевтот (Pete Walker) го опишуваат брзањето како механизам за да се „носиме“ со траума, односно поточно речено како вид на бегање од истата

Пример: Бидејќи сме фокусирани за да стигнеме на време и во стрес околу обврските и да постигнеме се, ние и не стигаме да се занимавме со траумата или тешки емоции, како и сеќавањата кои тие ги носат. Како автоматски пилот кој само  брза  од точка А до точка Б, В  на својата рута да ја направи својата „to do” листа.

Нови обврски

Иако да живееме брзо донесува стрес, тој носи и некое растеретување. Бидејќи така забрзани стигнуваме  се да направиме, а тоа носи накратко да почуствуваме задоволство и смирение. Но се разбира кратко трае. За жал кратко трае, бидејќи мирот неретко се изедначува со празнина која тогаш уште побрзо сакаме да ја пополниме со нови обврски.

“Внатрешниот прогонител“

Некогаш ние можеби и сакаме да застанеме, но се јавува „Внатрешниот прогонител“ кој ги храни нашето чувство  на вина, неуспех, помала вредност или пак страв од последиците ако не брзаме. И така се доаѓа до прашањето од каде тој внатрешен критичар и прогонител. Искуствата и истражувањата јасно зборуваат дека не сме се родиле со нив, туку ги добуваме во семејството, околината и сме ги интергрирале како нешто што е многу влијателен дел врз себе.  Еве примери:

-Ако можеби сте биле многу споро дете, а денес сте  суперубрзан возрасен можеби во текот на детството Ви зборувале „Побрзај, не се влечкај“, „Само тебе те чекаме“. „Ако не тргнеш ќе одиме без тебе“, „Ќе бидеш последен“. Доколку сте ги слушале тие родителските гласови можно е да сте ги „голтнале“ и  претвориле во свои.

-Можеби сте учеле по модел на вашите родители кои секогаш брзале и биле опседнати со време.

-Можеби во текот на школувањето сте биле физички или психолошки казнети ако на пример сте задоцниле на час по музичко или сл.

-Можеби сте биле научени со часовник кој ви го навивале порано, за да стигнете на време. Како опомена.

-Или ве критикувале или пофалувале баш многу коге сте стигнувале први некаде и можеби само тогаш и ве приметувале и сте биле значајни.   

ВАЖНО: Сите знаеме дека во брзина се прават пропусти и грешки дека се пропуштаат некои важни работи и некои важни мигови.

“Мудрост на телото“

Телото може да трпи повреди додеке се брза, ако трчаме како муви без глава. Може да повредиме нога, да се удриме… И додкеа лежиш со повреден нога, всушност увидуваш дека твоето Тело те натерало да застанеш. Понекогаш телото проценува дека е доста. Дека треба да застенеме.  Таа терапија е МУДРОСТ на телото.

ЗАТОА, запрашајте се себеси дали сте под стрес од постојано брзање. Кажете си на себеси дека “океј“ е да застенеш, да биде се побавно.

Вдиши,  опушти се…

Направете си мигови кога ќе се смирите да пиете кафе мирно, успорено, на рајат. Мигови на успорени мисли и лесни планови. Мигови кога нашиот внатрешен критичар не го слушаме и си велиме Ако не можеме споро нека биде како рекол Октавијан Август … festina lente; или  нека биде “Побрзај полека“ или како што ни е познато “Пожури, полако“.