Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад меѓу колеги во “Стрежево“, повреден пешак кај Поштата

На 10.06.2024 во СВР Битола, 39 годишник од Битола пријавил дека истиот ден на работното место во Јавно претпријатие “Стрежево“ бил физички нападнат од неговиот колега. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 10.06.2024 во 09.18 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Добривоје Радосављевиќ“ и ул. „Рузвелтова’’ во Битола, мотоцикл со битолски регистарсски ознаки, управуван од малолетник од Битола, удрил во пешак на возраст од 81 година од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.