Press "Enter" to skip to content

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола: од вчера започна прскањето против комарци

Во период од 10.06.2024 (понеделник) до 14.06.2024 (петок), во период од 21:00 – 04:00 часот, екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ПРВАТА ФАЗА од АДУЛТИЦИДНАТА теристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на возрасни форми на комарци.                              

-Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градско подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставена до Општина Битола.                          

-Третирањето ќе се изведува во вечерните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап – возило означено со ротационо светло.      

-Со цел избегнување на несакани последици, се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.                      

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центарот за јавно здравје е 047/208-100 и 047/208-120.                                                     

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »