Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: започнува корекција на асфалтот на кружниот тек кај “Ветеринарна“

Денес, започнуваат работните активности за корекција на недостатоците на асфалтот кои се појавија на кружниот тек кај „Ветеринарната станица“.

Како што најави и претходно градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, корекциите кои вклучуваат гребење на афалтот и преасфалтирање, ќе бидат извршени на трошок на изведувачот.

Додека траат работните активности, сообраќајот на овој дел од улица „Прилепска“ и „Баталјон Стив Наумов“ ќе се одвива согласно воспоставениот времен режим на сообраќај.

More from ВестиMore posts in Вести »