Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за марихуана, син нападнал татко, повреда на работа, пожар во фарма за сточна храна…

На 12.06.2024 во 18.50 часот на ул. „Никола Георгиевски Никлец” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 30 и 28 години, двајцата од Битола, затоа што при преглед кај едното од нив, била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.06.2024 во 09.40 часот во СВР Битола, 65 годишен маж од битолско село пријавил дека во дворот од семејната куќа бил физички нападнат од неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
 
На 12.06.2024 во СВР Битола, од Итна медицинска помош Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола со тешки телесни повреди пренеле 26 годишно лице од село Браилово, прилепско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во приватна фирма во Битола. Увид на местото извршила екипа на СВР Битола и за настанот бил известен трудов инспектор.

На 12.06.2024 во 12.32 часот во СВР Битола било пријавено дека помеѓу село Логоварди и Новаци настанал пожар во објект на фарма за сточна храна и цистерна со метан. Притоа, поради вдишување метан во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош бил пренесен полициски службеник од Полициското одделение Новаци. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола.

На 12.06.2024 во 23.50 часот на ул. „Арон Ароести“ во Битола, полициски службеници го пронашле 19 годишни лице од село Горно Оризари, битолско, за кого истиот ден во 20.30 часот во СВР Битола неговиот татко пријави дека се оддалечил од домот.

На 12.06.2024 во 14.30 часот во СВР Битола, Ж.Т. (54) од Битола пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот штитеник на возраст од 15 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

More from ВестиMore posts in Вести »